TheNorthmacedoniaTime

Продолжува хаосот со службените возила: МВР ја започна постапката за новиот регистар, нема рок за завршување

2026-03-23 - 09:54

Во Македоија сè уште нема ажуриран и комплетен регистар за службените возила. Постоечкиот регистар на Комисијата за спречување на корупција останува достапен за јавноста, но не ги опфаќа сите возила. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи го започна процесот на креирање на нов регистар, но без конкретен рок за негово завршување, бидејќи процедурите сè уште се во тек, пишува Порталб.мк. Во декември 2025 година, од Владата на РСМ за Порталб соопштија дека Министерството за внатрешни работи на креирање нс централен регистар на возила, што требаше да биде завршен до крајот на годината. Но, ова не се случи во предвидениот временски рок. Од Министерството за внатрешни работи за Порталб информираа дека набавката се спроведува во согласност со одредбите од член 53 од Законот за јавни набавки, а постапката се спроведува во три фази: претквалификација, дијалог и поднесување на конечната понуда. „Постапката во Министерството за внатрешни работи моментално е во првата фаза – претквалификација и сè уште не е завршена. Затоа, во согласност со член 30, став 5 од Законот за јавни набавки, информациите сè уште не се од јавен карактер“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека целосната имплементација на регистарот на возила мора да заврши најдоцна во рок од 8 (осум) месеци од потпишувањето на договорот. Според МВР пристап до регистарот треба да им се овозможи на: Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за енергетика, рудници и минерални суровини, Министерството за транспорт, Министерството за економија, Бирото за метрологија, правните лица овластени за вршење технички прегледи на возила, правните лица овластени за идентификување и проценка на техничката состојба на возилата и/или мобилните машини, субјектите кои произведуваат и/или пласираат возила на пазарот во Република Северна Македонија, техничките служби овластени за одобрување на поединечни и модифицирани возила, субјектите овластени за прием на оштетени возила, Националното биро за осигурување, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Централниот регистар на Република Северна Македонија, Комората на нотари и Комората на извршители. „Пристапот до регистарот на возила се утврдува согласно одредбите од Законот за возила“, соопштија од МВР. Според плановите, регистарот на возила ќе содржи детални податоци за возилата, сопствениците и дополнителни елементи. Што покажуваат досегашните податоци за службените возила? Според aнализата на Порталб.мк што ја спроведе врз службениот возен парк врз основа на податоците од Државната комисија за спречување на корупција, од 6.659 службени возила, над 15% или 1.009 возила не се во возна состојба, а за179 возила нема податоци за нивната возна состојба. Трите најстари возила имаат полни 58 години и се произведени во 1967 година, според податоците тие се уште се во возна состојба, два Мерцедеси и еден ФАП. 21 возило се од 2025 година и се од различни модели како Шкода, Форд, Опел и други. Најчестата марка на возила во државните институции останува „Пежо“, со 532 возила. Според податоците за годината на производство на службените возила, просечната година на производство е 2009 година. Институцијата со најголем број возила е Министерството за внатрешни работи, со 693 возила. Но, бројот на службени возила е поголем, бидејќи во овој регистар не се опфатени сите институции и возила. Од друга страна, има и возила со статус на класифицирани информации, па затоа за нив нема податоци. Службените моторни возила во РСМ Податоците се добиени од регистарот на Државната комисија за спречување на корупција 6.659 Вкупен број на моторни возила 1.009 (15,2%) возила кои не се во возна состојба 179 Возила за кои нема податоци во каква возна состојба се 532 Најчеста марка на возила (Пежо) 693 Институцијата со најмногу возила 3 Најстари моторни возила (1967 година) 21 Најнови моторни возила (2025 година) 2009 Просечна година на производство Нетранспарентни институции Многу институции не доставија податоци за службените возила до Државната комисија за спречување на корупција пред локалните избори, како што е пропишано со Изборниот законик. Вкупно 1.514 институции беа должни да достават податоци, но само 635 институции доставија податоци, или 42%, додека 879 институции, или 58%, воопшто не доставија податоци.

Share this post: