TheNorthmacedoniaTime

Легендата Кин не верува во новиот менаџер на Јунајтед

2026-01-26 - 16:06

Екипата на Манчестер Јунајтед ги доби последните два дерби натпревара во Премиер лигата против Манчестер Сити (дома) со 2:0 и вчера против Арсенал (гости) 3:2. Шест бодови се освоени под водство на новиот менаџер Мајкл Керик. – До крајот на сезоната да ги добие сите натпревари, не би му ја дал работата. Два натпревара одлични, но секој може да победи два натпревара, а јас сметам дека човек за тоа место. Апсолутно не. Треба да дојде тренер подобар и за неколку години да може да ја освоиме и титулата во Премиер лигата, изјави легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рој Кин. Сепак, имаше и позитивни моменти во изјавата на Кин, кој потенцираше дека Манчестер Јунајтед сега има дрскост во играта, смиреност, играчите од клупата имаат влијание. Манчестер Јунајтед е на четвртото место на табелата со 38 бодови, зад лидерот Арсенал и Манчестер Сити и Астон Вила.

Share this post: