TheNorthmacedoniaTime

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам

2026-03-20 - 09:23

Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, се вели во честитката од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам. По завршувањето на светиот месец Рамазан, месец на пост, духовна посветеност и солидарност, ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, добро здравје, радост и спокој, опкружени со семејството и најблиските. Нека вашите молитви бидат примени, а вредностите на хуманоста, толеранцијата, заемната почит и меѓусебното разбирање бидат водилка во секојдневието на сите верници, се нагласува во честитката од Стоилковиќ. Големите верски празници, се додава, се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат, за грижата за другиот, подадената рака кон оние на кои им е потребна помош и негувањето на соживотот. Само преку заемна почит, одговорност и заеднички заложби можеме да градиме праведно, инклузивно и просперитетно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви и почитувани, без оглед на нивната верска или етничка припадност. Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам!, се потенцира во честитката од д вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам. извор: МИА

Share this post: