TheNorthmacedoniaTime

За сите љубители на модерниот танц: „Ајде“ со младите и идни танчери на македонската танцова сцена за последен пат во Скопје

2026-03-08 - 12:47

За сите љубители на модерниот танц, повелете на 14/3/2026 во 20 часот за последен пат во Скопје.“АЈДЕ” со младите и идни танчерина на македонската танцова сцена. Танцовата претстава „АЈДЕ!“ нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. „АЈДЕ!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Претставата има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст. “АЈДЕ!” Кореографија: Игор Киров и Бојан Мицев Драматург: Ана Ристоска Трпеноска Светло мајстор: Милчо Александров Танчери: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски, Бојана Арсовска Музика: колаж Фотографија: Ања Калин Видео: Мартин Михајлов / Марсбен Продукција Продукција: Motion Network Штип Ко-продукција: НУЦК „Ацо Шопов” Штип Во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” Скопје Поддржано од Министерство за култура и туризам на РСМ, Општина Штип и ЕАМ Штип.

Share this post: