TheNorthmacedoniaTime

„Стоп за Усје“ поднесе свој предлог за А-интегрирана дозвола за Цементарница

2026-03-26 - 13:44

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска до Министерството за животна средина и просторно планирање поднесе свој предлог за А-интегрирана дозвола за Цементарницата. Од иницијативата велат дека предлогот е изработен во согласност со европските регулативи за цементната индустрија, како и препораките на Светска здравствена организација за граничните лимити на загадување. „Овој документ е резултат на заедничка работа на граѓани, еко-активисти и експерти, со цел компанијата да ги примени највисоките стандарди и да започне да функционира како современа, еколошка цементара во 21 век. Нашата порака е јасна – повеќе нема простор за одложувања и префрлање одговорност. Здравјето на децата и граѓаните е во рацете на институциите. Одлуката за тоа каков воздух ќе дишеме во следните 7 години е директна одговорност на Министерството за животна средина,“ посочија од „Стоп за Усје“ Од таму велат дека на 11 март, компанијата ТИТАН Усје поднесе барање за обнова на А-интегрирана дозвола за работа, но и дека Министерството се уште не ја објави дозволата во предвидениот рок од 7 дена, што отвора можност постапката да се продолжи со дополнувања и да трае до 45–50 дена. Според процедурата, прво ќе биде објавено барањето на Титан Усје, по што ќе следува јавна расправа во која граѓанската иницијатива најави дека активно ќе учествува.

Share this post: