TheNorthmacedoniaTime

На Трамп многу му е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

2026-03-04 - 09:47

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти воопшто не е загрижен доколку Иран донесе одлука да го бојкотира настапот на Светското фудбалско првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Иранската фудбалска репрезентација беше меѓу првите кои се квалификуваа за Светското првенство, но по координираните американско – израелските напади врз Иран, прашање е дали земјата ќе настапи на мундијалскиот турнир. Паралелно со ова, исто така, останува неизвесно дали американската Влада ќе им дозволи на иранските претставници да влезат во САД. – Навистина не ми е гајле дали Иран ќе учествува. Мислам дека Иран е тешко поразена земја. Тие работат на издувни гасови, рече Трамп во интервју за „Политико“. Иран треба да игра против Нов Зеланд во Лос Анџелес на 15 јуни, против Белгија на истиот стадион на 21 јуни, а на 26 јуни против Египет во Сиетл

Share this post: