Земјотрес во Косово, почувствуван е и во Тетово и околината
2026-02-09 - 07:28
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала се случил синоќа околу 23 часот со епицентар во Косово, информираше утрово Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа на факултетот, епицентарот на земјотресот е на околу 46 километри северозападно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Share this post: