TheNorthmacedoniaTime

Утре блокирани булеварите во централното градско подрачје поради протестот против Усје

2026-01-30 - 11:30

Утре (31.01.2026), со почеток во 12 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“, поради што повеќе булевари во централното градско подрачје ќе бидат блокирани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. „Маршот ќе се одвива со траса на движење од пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собранието и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, па до пред Министерство за животна средина во Скопје“, се наведува во информацијата од МВР. Како што оттаму додаваат, од тие причини единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. „Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, се додава во соопштението.

Share this post: