TheNorthmacedoniaTime

Дали Иран дефинитивно се откажува од настап на СП?

2026-03-27 - 21:43

Иранските власти им забранил на своите национални и клупски спортски екипи да патуваат во земји што официјален Техеран ги смета за непријателски, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Министерството за спорт, кое наведе дека одлуката е донесена водејќи се од загриженоста за безбедноста на спортистите. „Присуството на национални и клупски екипи во земји што се сметаат за непријателски и не се во можност да ја обезбедат безбедноста на иранските спортисти и членови на тимот е забрането до понатамошно известување“, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека Иранската фудбалска федерација и клубовите се должни да ја известат Азиската фудбалска конфедерација за да може местата за одигрување на натпреварите да се преместат на други локации. Иранското Министерството не прецизираше во соопштението кои земји се сметаат за непријателски. Иран се квалификуваше за претстојното Светско фудбалско првенство, кое ова лето заедно го организираат САД, Канада и Мексико, иако неговото учество на мундијалскиот турнир е неизвесно,

Share this post: