TheNorthmacedoniaTime

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за насилство кај Јовановски

2026-03-08 - 16:38

Полициските службеници кои постапувале во 10-тина пријави за насилство во семЕјството на Ивана Јовановска која загина по пад од балкон со нејзината шестгодишна ќерка, која 7 години била жртва на тортура ги истражува и внатрешната контрола на МВР, објави ТВ24. Материјалите по кои постапува внатрешната контрола на МВР се веќе обезбедени, од утре ќе следуваат и разговори со полициските службеници кои постапувале по секоја пријава што се однесувала за семјството Јовановски – вели за тв 24 извор од истрагата. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција кои се надлежни з аевентуална кривична одговорност з аполицајците само повтруваат дека се издадени конкретни насоки за спроведување на проверки и прибирање на сите релевантни информации и докази.Како еден од клучните документи го чекаат извештајот на внатрешната контрола на МВР.

Share this post: