TheNorthmacedoniaTime

Малолетник во Долно Коњари со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот на скопската Клиника

2026-01-25 - 21:08

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно – загрозувачка состојба, појаснија од МВР. Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share this post: