TheNorthmacedoniaTime

Украдени пари од џамијата во Слатино

2026-03-27 - 10:43

На 26.03.2026 во 15:30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека во периодот од 12:00 до 15.00 часот било влезено во џамијата во село Слатино, тетовско и со употреба на сила и тврд предмет била отворена касата со доброволни прилози и биле одземени пари. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. објави Скопје1.мк

Share this post: