АП Брера излегува од опасната зона
2026-02-27 - 16:28
– Во воведниот натпревар од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), АП Брера го совлада попладнево на гостински терен Башкими со 2-0 (1-0). Водечкиот за струмичкиот прволигаш го постигна Зоран Ивановски во 44 минута, а точка на победата стави Никола Величковски во судиското продолжение. Утре на програмата се два натпревара кои ќе се играат во Струга и Скопје. Во 12 часот е закажан почетокот на дерби дуелот меѓу Струга и Вардар, додека од 14 часот играат Работнички и Шкупи. В недела се играат натпреварите Тиквеш – Силекс (Кавадарци, почеток 12 часот) и Арсими – Македонија ЃП (Гостивар, почеток 14 часот). Оваа рунда ќе биде комплетирана со натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер, в понеделник во Тетово од 14 часо
Share this post: