TheNorthmacedoniaTime

Уапсен маж од кумановско село, предивикал пожар во туѓ имом

2026-03-16 - 10:56

Вчера во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема. Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Share this post: