TheNorthmacedoniaTime

Тешко повредена жена: Излетала со автомобил и удрила во метална ограда

2026-02-18 - 11:46

На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Share this post: