Омлет „торнадо“: Корејски рецепт кој се подготвува на необичен начин
2026-03-26 - 12:33
Ова јадење доаѓа од Кореја. Рецепт кој воодушеви многумина бидејќи овој омлет е подготвен на необичен начин. Oмлетот „торнадо“ се подготвува на необичен начин. Започнува како стандардна кајгана, со изматени јајца во врело масло. Потоа фатете ја средината со стапчиња за јадење и полека ротирајте го пржениот дел. Ротирајте додека јајцата не се целосно зготвени, како што е прикажано во видеото. Сè се прави екстремно бавно, за да бидете сигурни дека јајцата се испржени. Знаете дека омлетот е готов кога нема повеќе течност. Потоа преместете го тој мал куп јајца на чинија. Корејците обично имаат малку варен ориз под омлетот, а има и зеленчуков сос, а можете да го зачинете вашиот омлет како што сакате. Откако ќе го направите, ќе разберете зошто е рецепт по кој многу луѓе се луди.