Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото
2026-02-04 - 21:09
Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата. Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината. -Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија, додава премиерот во објавата на Фејсбук.
Share this post: