TheNorthmacedoniaTime

Зеленски: Можно е да продолжат преговорите, иако американското внимание е насочено кон Иран

2026-03-22 - 20:03

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека е можно да се продолжат разговорите за прекин на војната со Русија, по дводневните разговори меѓу украинските и американските преговарачи во Мајами. „Јасно е дека вниманието на американската страна во моментов е насочено првенствено кон ситуацијата околу Иран и тој регион, но оваа војна што Русија ја води против Украина мора да се заврши“, објави Зеленски на социјалните мрежи, по дводневните преговори меѓу американските претставници и делегацијата испратена од Киев во Мајами во саботата. Зеленски додаде дека постојат знаци дека е можно продолжување на разговорите, а тоа би била многу добра вест, како и потврда дека дипломатијата функционира. Членовите на украинската делегација се сретнаа со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Извор: МИА

Share this post: