Најдобрата посна оброк-салата која ќе ве држи сити со часови
2026-03-04 - 20:17
Постот не е невозможна мисија ако се храните со здрави намирници и правилно ги комбинирате Состојки: 1,5 кг компир 600 г спанаќ 5-6 зелени делови од млад кромид За преливот: сок од 1 лимон 1/2 лажиче сол, бибер 2 лажици сенф 4-5 чешниња лук 100 мл масло Приготвување: Сварете го компирот и тргнете го на страна. Сварете го спанаќот и исечкајте го ситно, па измешајте го со компирот. Исечкајте ги зелените делови од младиот кромид и измешајте го сето тоа. Во посебно чиниче измешајте сол, бибер, сенф, масло, лук и со тоа зачинете ги компирот и спанаќот.
Share this post: