ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот
2026-03-23 - 13:34
Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска. Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДС се докажани првенци. Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик. Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДС на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји“, се вели во реакцијата. Претходно на прес конференција пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека „како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски“. Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик. Законот беше донесено во јануари 2024та, после 18 години со голем консензус од сите пратенички групи во изминатиот состав на собранието, со широка дебата, и со вклулување на сите предлози на сите засегнати од овој закон. И што имаме денес? Имаме целосно игнорирање на сите одредби од законот. Има именувана директорка на Инспекторатот, има работна верзија од стратегијата за македонски јазик која започна да се работи пред само две недели. И толку. Не функционира Инспекторатот, нема вработени, нема лектори, не се почитува ниту употребата во јавни настани. А никој не реагира. И кога сакавме да разгледаме како оди имплементацијата на овој закон, сфативме дека нема ништо спроведено. Навистина ништо. Секој буџет од 2024та наваму и секој ребаланс гледаме кратење на пари. Нема пари за примена на Законот за македонски јазик ама има за тендери. И кога некој би поднел пријава за било кое од овие непопитување на законот, нема кој да постапи! На барање на владејачкото мнозинство се направи промена во законот за примена на македонскиот јазик со кој нивото на инспекторатот се намали со ветување дека тоа се прави само и само да профункционира! И повторно не функционира. Затоа, денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува барање за надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од законот за употзаконот за употреба на македонскиот јазик. Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името. Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ. Тоа се национални интереси и тоа, меѓу другото, е и заштита на јазикот. Го поднесуваме ова барање за да се најде решение, и конечно законското решение да почне да функционира. Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова барање, се работи за македонскиот јазик“, вели таа. објави Скопје1.мк