„Утре наутро“ на Јани Бојаџи и „Франц“ на Агњешка Холанд, посветен на животот на Франц Кафка денеска во Кинотека
2026-03-23 - 09:54
Понеделник, 23 март на програмата на Кинотека УТРЕ НАУТРО (Tomorrow Morning) Режија: Јани Бојаџи Македонија / 2025 / 110 мин Интригантна приказна за две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати, вплеткани во мрежа на моќ и тортура во мала источнoевропска земја. Проекција: Понеделник, 23 март во 18:00 ФРАНЦ (Franz) Режија: Агњешка Холанд Чешка / Полска / Германија / Франција / Турција / 2025 / 127 мин Филм посветен на животот на еден од најзначајните писатели на 20 век – Франц Кафка, од неговото раѓање до неговата смрт. Проекција: Понеделник, 23 март во 20:00 Кинотека на Македонија
Share this post: