Мицкоски: Реформскиот процес е одговорност, фокус на практични и одржливи политики
2026-03-03 - 20:28
Во Владата денеска се одржала работна средба посветена на реформската агенда, со акцент, како што информира премиерот Христијан Мицкоски, на конкретни мерки за зајакнување на институционалните капацитети, владеењето на правото и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил порача дека реформскиот процес не е само формална заложба, туку одговорност што подразбира континуирана работа, транспарентност и партнерство. Тоа е пат кој бара јасна стратегија и посветеност кон долгорочни цели. Остануваме фокусирани на спроведување практични и одржливи политики што носат вистински резултати, напиша Мицкоски.
Share this post: