Распад систем во Тотенхем
2026-03-11 - 07:18
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги искажа впечатоците по синоќешната победа со 5:2 над Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. -Се обидовме да создадеме позитивни моменти на теренот и го постигнавме тоа. Мислам дека Атлетико можеше да биде уште поефикасен во првото полувреме. Нè очекува уште еден важен натпревар, каде што ќе мора да бидеме трпеливи. Така е во сите европски натпреварувања, изјави Симеоне на веб-страницата на УЕФА. Реваншот ќе се одржи следната недела, на 18 март, во Англија. На другите три натпревари одиграни синоќа: Галатасарај – Ливерпул 1:0 Њукасл – Барселона 1:1 Аталанта – Баерн Минхен 1:6.
Share this post: