Иран го отфрли американскиот план за паузирање на војната
2026-03-25 - 16:23
Иран го отфрли американскиот план за паузирање на војната на Блискиот Исток и објави свој контрапредлог, пишува Асошиејтед Прес. Двајца претставници од Пакистан го опишаа американскиот предлог од 15 точки велејќи дека тој се однесува на ублажување на санкциите, укинување на нуклеарната програма на Иран, ограничувања на ракетите и повторно отворање на Ормутскиот теснец, преку кој се испорачува една петтина од светската нафта. Иран објави свој план преку државната телевизија кој вклучува запирање на нападите и убиствата, гаранција против иден конфликт, исплата на воена отштета, прекин на борбите на сите фронтови во кои се вклучени сојузнички групи и признавање на авторитетот на Иран над Ормускиот теснец. Бројот на жртви од војната се искачи на повеќе од 1.500 луѓе во Иран , над 1.000 луѓе во Либан , 16 во Израел и 13 припадници на американската војска , како и голем број цивили на копно и море во регионот на Персискиот Залив