TheNorthmacedoniaTime

Германија со порака до Вашингтон: Конфликтот во Иран не е војна на НАТО

2026-03-16 - 11:56

Германската Влада соопшти дека евентуалната американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции и вклучувањето на Алијансата би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток, јавуваат новинските агенции од Бликиот Исток. „Ова не е војна на НАТО и нема никаква врска НАТО бидејќи Алијансата е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин, одговарајќи на прашање од новинари во Берлин, во врска со заканите на Доналд Трамп кон НАТО. „Ја зедовме во предвид позицијата на американскиот претседател“, додаде тој. Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери. Германската влада претходно неколку пати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

Share this post: