Лига на нации: Почнуваме со Швајцарија на „Градски“
2026-02-13 - 12:59
Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути. Во првиот циклус на натпревари кога на програмата се вкупно четири кола имаме две гостувања во Словенија (29. септември) и Швајцарија (6. октомври), додека на домашен терен ќе играме и со Шкотска (3. октомври). Во последните две рунди во ноември прво патуваме за Глазгов против Шкотска (13. ноември), а во последното коло во Скопје се среќаваме со Словенија (16. ноември).