Мицкоски: Со вакви инвестиции ќе ги поттикнеме луѓето да се вратат дома
2026-03-01 - 13:16
Премиерот Христијан Мицкоски од пуштање во употреба на реконструирана oбиколница Крива Паланка. – Ваквите проекти се само додадена вредност во животот на граѓаните, додаден вредност за македонската економија, изјави Мицкоски. Премиерот очекува дека во следниот период во овој дел од државата ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра посочувајќи на поврзување на коридорите, а Крива Паланка е влезна точка на коридорот 8. Кога зборувам на неколку стотици пред се мислам на третата фаза од пругата што треба да почнеме да ја реализираме но исто така и патната инфраструктура незабележана и новите делници кои практично треба да го заобиколат влезот во Куманово за тие што сакаат дирекно до Крива Паланка и до нашиот источен сосед, потенциа Мицкоски. – Ваквите инвестиции ќе ги поттикнат луѓето да се вратат дома. Продолжуваме да се фокусираме на капиталните инвестиции. Очекувам многу скоро од денеска, се она што зборуваме овие две години, да биде реализирано, рече Мицкоски.