Судијата Ненад Савески, предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
2026-03-10 - 13:27
Судијата од Кривичниот суд, Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен јавен обвинител, кој, доколку добие зелено светло од Собранието, ќе треба да дојде на местото на досегашниот обвинител, Љупчо Коцевски. Владата, на денешната седница го избра Савески, помеѓу четири кандидати, за кои Советот на јавни обвинители претходно даде позитивно мислење, заедно со Анита Тополова-Исајловска Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ. Ненад Савески е дипломиран правник, кој кариерата ја почнал како обвинител во 2009 година, а во 2016 година е избран за судија. Досега судел предмети за организиран криминал и корупција во специјализираниот оддел во Кривичниот суд во Скопје.
Share this post: