Грк сакал да внесе марихуана во Македонија, доби кривична пријава
2026-02-23 - 14:37
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(51) од Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана во патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, со кое допатувал А.К..
Share this post: