Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за февруари
2026-03-06 - 17:07
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, се вели во соопштението од Министерството. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Share this post: