Неколку лица сакале да нападнат деца фудбалери, маж омаловажувал полицајци
2026-02-28 - 19:37
На 27.02.2026 во 16:30 часот во СВР Тетово, Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47) од Тетово, тренер на детски фудбалски клуб, пријавија насилство на спортски натпревар. Според пријавеното, на натпреварот на стадион во Тетово, помеѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид. Во врска со настанот од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој при тоа ги омаловажувал и полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Share this post: