Американските војници ги напуштиле воените бази и се кријат во хотели и згради ширум Блискиот Исток
2026-03-27 - 20:33
Американските војници ги напуштиле воените бази во земјите од Блискиот Исток, и се кријат во хотели и станбени згради во тие земји, пишува „Њујорк Тајмс“. Изданието се повикува на американски воени претставници, според кои во регионот имало околу 40.000 американски војници кога почна војната против Иран, а Централната команда (CENTCOM) преместила илјадници од нив на други локации. Поради ваквата практика, Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) ги повика жителите на регионот да ги напуштат областите каде што се стационирани американските сили. Во соопштението на ИРГЦ се вели дека американските сили, плашејќи се од напад, ја користат цивилната инфраструктура и цивилите како „човечки штитови“. ИРГЦ предупреди дека ќе ги таргетира американските и сојузничките сили каде и да се и ги повика жителите веднаш да ги напуштат таквите области за да се избегнат цивилни жртви. За ваша сопствена безбедност, веднаш напуштете ги локациите каде што се стационирани американските и израелските сили, бидејќи тие може да бидат цел. Кукавичките американски и ционистички сили, кои немаат ниту храброст ниту способност да ги бранат своите воени бази, се обидуваат да користат невини луѓе како човечки штитови во цивилните области од страв од оган на нашите борци. Бидејќи сме должни да ги елиминираме терористичките сили на Америка и узурпаторскиот режим, кои безмилосно убиваат ирански цивили и вршат атентати каде и да ги најдат, препорачуваме веднаш да ги напуштите областите каде што се стационирани американските сили за да не ви се случи ништо“, се вели во предупредувањето од ИРГЦ.