„Приказната за Силјан“ викендов во МКЦ
2026-01-28 - 08:03
ЈУ МКЦ овој викенд ве кани на проекции на долгоочекуваниот документарен филм: “ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН”! Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. “ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН” е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Режисерка: Тамара Котевска Кинематограф: Жан Дакар Продуценти: Ана Хашми, Тамара Котевска, Жан Дакар, Јорданчо Петковски Продуцентски куќи: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop Монтажер: Мартин Иванов Студио за тонска обработка: Александар Протиќ / MIR MEDIA Колор корекција: GHABHA Studios Музика: Џо Вилсон Дејвис и Хун Оукпарк (Hans Zimmer Studio) Консултанти за наратив: Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Суз Кортиз Во дистрибуција на: NATIONAL GEOGRAPHIC DOCUMENTARY FILMS Протагонисти: Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски. Времетраење: 80 минути Дистрибуција: Кино Балкан 30 и 31 јануари (петок/сабота) 20 часот Кино Фросина