TheNorthmacedoniaTime

Протестот на ССМ ќе го блокира центарот на Скопје пред Стопанската Комора, од пладне изменет режим на сообраќај

2026-02-12 - 09:58

Сообраќајот во центарот на Скопје денеска од пладне ќе се одвива по изменет режим поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија. Протестот е најавен за 12 часот и ќе се одржи пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев. Поради собирот, дел од сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен кон околните улици и булевари. „Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година“, напиша претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Од ССМ најавија втора фаза активности заедно заедно со работниците посветени на зголемување на работничките плати. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора во 12 часот. За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине.

Share this post: