Променливо облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег
2026-02-02 - 07:39
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -6 до 0 степени, а дневните од 0 до 9 степени Целзиусови. Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. Во следните денови наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Share this post: