Николоски на средба со Даниел Лоутон, заменик помошник Државен секретар за Европа
2026-03-11 - 19:58
Пријателството со САД го потврдивме уште еднаш на средбите во Стејт Департментот со Даниел Лоутон, заменик помошник Државен секретар задолжен за Европа и останати политички средби, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Посочи дека Македонија и САД бележат долгогодишно партнерство, засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности. -На Соединетите Американски Држави гледаме како близок партнер кој претставува силна гаранција за просперитетот, напредокот и безбедноста на државата. На средбите во Стејт Департменот ги отворивме и прашањата за создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка во делот на инвестициите, инфраструктурата, енергетиката и иновациите, истакнува Николоски.