Новиот Јавен обвинител ја презеде функцијата
2026-03-19 - 14:05
Новоименуваниот Јавен обвинител Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител, соопштуваат од ЈОРСМ. Како што е наведено, тој одржал работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска. – Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Share this post: