Моџтаба Хамнеи е избран за нов лидер на Иран по убиството на ајатолахот Али Хамнеи
2026-03-08 - 21:36
Иранското Собрание на експерти објави дека ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи е избран за трет лидер на Исламската Република по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи. Кој е Моџтаба Хамнеи, најверојатниот нов лидер на Иран по убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи Ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи е назначен и претставен за трет водач на светиот систем на Исламската Република Иран врз основа на одлучувачкото гласање на почесните претставници на Собранието на експерти на раководството“, соопштија од Собранието на експерти. Моџтаба Хамнеи е син на досегашниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски напади на 28 февруари. Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран