TheNorthmacedoniaTime

Како Филипче лажеше за наводни мигранти во Македонија

2026-03-09 - 15:47

Лагите и манипулациите од страна на СДС и Филипче, за наводни мигранти во Македонија, ја демантираше викендов британскиот амбасадор Метју Лосон.Откако од петни жили, СДС и Филипче се бореа да создадат паника, хаос и хистерија кај граѓаните за пристигнување на мигранти во Македонија, таа лага им се распрсна како меур од сапуница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Нема договори, нема преговори, нема центри за мигранти, нема мигранти, имаше само деструкција од страна на СДС и Филипче, и повторување на една иста лага, мислејќи дека таа на тој начин ќе стане вистина. Но, кога таа тема се разобличи и ќе биде демантирана, од страна на претседател на Влада, претседател на држава, министрите за внатрешни и надворешни работи, британски амбасадор, едноставно темата исчезнува, одговорност нема за паниката и нема извинување. Вака функционираат СДС и Филипче. Растураат пердуви во јавноста, а потоа ние треба да ги собираме. Но, дополнително сме загрижени за амнезијата која ја има чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче. Впрочем, на сликата која ја гледате во моментот, Филипче вели дека никогаш не зборувал тој за мигрантски кампови. Истите оние мигрантски кампови кои тој и Заев сакаа да ги изградат во 2018 година, па на седница на Влада гласаа за таков план. Филипче изгледа заборавил, но ние сме тука да го потсетиме. И те како има говорено за мигрантски кампови, кога ширеше паника низ граѓаните. Погледнете ја фотографијата. Филипче одеше чекор понапред и свесно лажеше дека Македонија станува мигрантски камп и црна точка на Европа. Скоро 4 месеци подоцна, ниту има мигрантски кампови, ниту има мигранти, ниту ние сме црна точка на Европа. Само лаги, манипулации и деструкции. Политиките на СДС и Филипче, водени од српските ПР агенции на Башановиќ, не одат на добро ни на СДС ни на Македонија. Состојбата во која се наоѓа врвот на СДС е навистина загрижувачка.ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да ги спроведува бенефитите кои доаѓаат од договорите со Велика Британија, САД, ЕУ, Унгарија. Македонија после долго време станува држава која седи на маса со големите светски сили и е рамноправна во одлучувањата.

Share this post: