Иран го возвраќа ударот: Се закани со удари против САД и Израел какви што „никогаш претходно не доживеале“
2026-03-01 - 11:17
Генералниот секретар на иранскиот Совет за безбедност, Али Лариџани денеска се закани дека ќе ги нападне САД и Израел со сила која досега не е видена, по нивните напади врз Исламската Република во кои беше убиен врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи. Вчера Иран испука ракети кон САД и Израел, и тие заболеа. Денеска ќе ги удриме со сила каква што никогаш претходно не доживеале, изјави Лариџани во објава на Х. Претходно тој изјави дека плановите на САД и Израел биле „осуетени“. САД и Израел направија погрешна проценка и имаа за цел да предизвикаат немири и промена на власта во Иран преку целни напади врз воени објекти и убиства на високи функционери, го цитираше Лариџани државната новинска агенција ИРНА.
Share this post: