Аца Лукас приведен на аеродромот во Гетеборг
2026-03-29 - 16:34
Како што дознава Курир,рс популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг. Лукас требало да одржи концерт вечерва заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилет Јашарспахиќ. Приведен за време на гранична контрола Ситуацијата се случила на аеродромот, каде што надлежните органи ги провериле патниците. Додека Раста и Гиле без проблеми ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му е забранет влез во земјата. Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на понатамошно испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез. Извор Курир.рс
Share this post: