TheNorthmacedoniaTime

Две деца од Кумановско се затруле од течност за земјоделски култури

2026-03-16 - 14:36

Две деца на возраст од три и четири години од кумановско село биле донесени на лекарски преглед поради можна интоксикација од течност што се користи за земјоделски култури. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2026 во 11:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив биле донесени две деца на возраст од три и четири години од кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, по извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Share this post: