Затворени американските амбасади во Саудиска Арабија и во Кувајт
2026-03-03 - 15:37
САД по иранските напади затворија две амбасади на Блиски Исток и го намалија конзуларното присуство во повеќе држави во регионот, пренесе МИА. Денеска е затворена Амбасадата на САД во Саудиска Арабија, откако објектот беше погоден од два ирански дрона. Затворена е и Амбасадата на САД во Кувајт откако синоќа се појавија снимки на кои се гледа како се издига чад од подрачјето каде е сместено дипломатското претставништво. Стејт департментот ги повика американските граѓани веднаш да заминат од 14 држави од регионот поради „сериозни безбедносни ризици“. Исто така побара неесенцијалниот персонал и нивните семејства да заминат од Кувајт, Јордан, Бахреин, Катар, Ирак и Обединети Арапски Емирати.
Share this post: