TheNorthmacedoniaTime

Данскиот селектор задоволен од резултатот

2026-03-27 - 12:43

Фудбалската репрезентација на Данска е на чекор до ново учество на Светско првенство откако синоќа со сигурна игра пред сè во вториот дел го совлада македонскиот национален тим со 4:0. Селекторот на Данска Брајан Ример, сепак ја смирува атмосферата во неговиот тим. Ужас: Македонија со нула шутеви до нула голови – Во моментов, ништо не сме победиле. Одигравме еден натпревар и го постигнавме резултатот што ни беше потребен за да го „заработиме“ учеството во финалето на баражот. Сега е време да се закрепнеме, а потоа да ја завршиме работата, изјави селекторот на Данска. Последна пречка за пласман на Мундијалот на Данска ќе и биде селекцијата на Чешка, која синоќа во Прага по изведување пенали ја совлада Република Ирска. Натпреварот Чешка – Данска се игра на 31.март (вторник) со почеток во 20:45 часот во Прага.

Share this post: