Трамп тврди дека САД ги уништиле иранската морнарица и авијација
2026-03-09 - 07:18
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска ја уништила иранската морнарица, како и воздухопловните сили. Во изјава за „Еј Би Си“, Трамп рече дека е потопена „целата иранска морнарица“ односно 44 ирански бродови. Тој тврди дека е уништена и авијацијата и противвоздушната одбрана на Иран. Ги нокаутиравме сите нивни воздухопловни сили... Нивните противвоздушни системи се исчезнати. Тие немаат апсолутно никаква одбрана“, се пофали Трамп.
Share this post: