Полнети мекици
2026-01-29 - 13:23
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: За тесто: 500 мл јогурт/кефир 1 лажичка сол 1 лажица шеќер 1 јајце 750 г брашно 1 супена лажица прашок за печиво 20 мл масло За фил (избор): 2 мали главици кромид, ситно сечкан 150 г печурки, ситно сечкани 200 г бело месо, ситно сечкано или мелено 150 г кисела павлака и неутрална павлака ПОСТАПКА: 1.Во подлабок сад измешајте го јогуртот, со јајце, сол и шеќер, па постепено додајте го брашното и прашокот за печиво. Кога ќе се формира меко и компактно тесто, додајте го маслото и домесете го за да се измазни. Покријте го и оставете да одмори 20 минути. 2.За фил: испржете го ситно исечканиот кромид, додајте ги сечканите печурки и динстајте додека да омекне и испари течноста. Додајте го сечканото месо, додајте го во тавата и динстајте го додека да омекне и ја промени бојата. 3.Зачинете по вкус и додајте ја павлака. Динстајте со мешање додека сето да се поврзе и да испари вишокот течност, приближно 15 минути, под капак. Тргнете го настрана и оставете да се олади. 4.Одмореното тесто поделете го на приближно 19-20 топчиња. Покријте ги со кеса за да не се сушат. Земете едно, посипете го со малку брашно и развлечете го со рака или со оклагија, а во средината ставете фил. 5.Затворете го како триаголник. 6.Во тава загрејте масло на умерена температура, па пржете ги полнетите мекици додека убаво да заруменат од двете страни.