Кина им нареди на своите компании да го сопрат извозот на нафтени деривати и да ги сочуваат за домашниот пазар
2026-03-08 - 19:07
Кина им нареди на своите комапнии „Синопек“ и „ПетроКина“ да го запрат извозот на дизел и бензин. Ова не е намалување на извозните стапки. Наредбата значи целосно запирање на извозот. Офицјален Пекинг го следи развојот на состојбата околу Ормускиот Теснец и своите резерви на гориво и одлучи дека ништо нема да се извезува од Кина. Согласно одлуката, секој барел рафиниран во Кина ќе остане на домашна почва до понатамошно известување. Половина од увозот на сурова нафта во Кина поминува низ Ормускиот Теснец. 30% од течниот природен гас (ЛНГ) на земјата, исто така, поминува низ ова тесно грло. Со моментално прекинатиот 85-90% од бродскиот сообраќај во Персискиот Залив, Кина не чека да види колку долго ќе трае оваа ситуација. Земјата веќе почна да складира резерви додека сè уште има можност за такво нешто. Ваквата кинеска одлука покажува дека поминат е моментот кога војната со Иран престанува да биде приказна ограничена на Блискиот Исток и има силно влијание на целиот свет.