Директорот на Националниот центар за борба против тероризмот на САД поднесе оставка поради војната со Иран
2026-03-17 - 18:24
Џо Кент, директорот на Националниот центар за борба против тероризмот (НЦТЦ) во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка поради војната во Иран. Во образложението за својата одлука, Кент наведува дека не ја поддржува војната затоа што Иран не претставувал никаква закана за САД. По долго размислување, решив да поднесам оставка од мојата позиција како директор на Националниот центар за борба против тероризмот, со стапување на сила од денеска. Не можам со чиста совест да ја поддржам тековната војна во Иран. Иран не претставуваше непосредна закана за нашата нација и јасно е дека ја почнавме оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно лоби во САД. Беше чест да служам под претседателот Доналд Џ. Трамп и Тулси Габард и да ги водам професионалците во НЦТЦ. Бог нека ја благослови Америка“, Џо Кент