Отворна изложбата „Оган“ на Бојана Артиновска во Прилеп
2026-03-30 - 06:54
Во Ликовна Галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена извонредната изложба „Оган” од академската уметница Бојана Артиновска. За импресивните дела на Артиновска, говореше м-р Викторија Димеска, која посочи дека уметницата за новите апстрактни дела инспирацијата ја црпи од огнот. фото / Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп Острите назабени форми се извршуваат како бранови и создаваат структури што интуитивно продуцираат преку визуелна интерпретација. Трепетливите арабески ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разголена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевито колоритни површини, рече Димеска. Посетителите на изложбата имаа ретка и несекојдневна можност да го проследат ликовно уметничкиот и музички перформанс „Ширење на светлината”. Бојана сликаше , а музички ја следеше музичарот Методија Костоски. Фото / Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп Бојана Артиновска има реализирано бројни изложби, работи сценографија, костимографија и е мултимедијален уметник. Фото / Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп Со изложбата „Оган” Центарот за култура “Марко Цепенков” ја започна богатата програма за 2026 година од визуелните уметности.