TheNorthmacedoniaTime

Моден агент запознавал малолетнички со Епстин и го молел да има секс со нив

2026-03-28 - 16:44

Американскиот агент во модната индустрија Ремзи Елколи запознавал жени помлади од 18 години со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и го молел да има секс со една од манекенките што ги познава, пренесоа денеска американските медиуми повикувајќи се на содржина во откриени имејлови. Елколи му испратил на Епстин стотици имејлови во период од околу десет години, дискутирајќи за женските тела и нивните ставови кон сексот и предлагал тој и Епстин да инвестираат во модната индустрија во Бразил со цел да запознаат поголем број жени, пренесува Би-Би-Си. Во една размена на пораки од 2011 година, Елколи опишал жена во дваесеттите години како личност која е „очајно желна за пари“ и му порачал на Епстин – „драг Џефри, те молам само испробај ја во кревет“. Елколи за Би-Би-Си изјавил дека жали за она што го пишувал во некои имејлови и за својата поврзаност со Епстин бидејќи наводно не бил свесен дека сексуалниот престапник злоставувал жени. Документите кои неодамна ги објави американското Министерство за правда (ДОЏ) сугерираат дека Елколи писмено комуницирал со Епстин најмалку од 2009 година па до непосредно пред смртта на осудениот педофил во 2019 година, а поголемиот дел од преписката се однесувал на врбување на женски модели.

Share this post: